
Калгари Флејмс влегоа во исклучително позитивна серија од пет врзани победи, откако синоќа ги совладаа Питсбург Пенгуинс со 0-4.
Питсбург доминираше во повеќето статистички параметри, но на голот на канадскиот состав стоеше неверојатниот Јакоб Маркстром, кој со фантастични 45 одбрани го запиша вториот шут-аут во сезоната.
Освен Швеѓанецот, важна алка во првиот гостински триумф на Флејмс над Пенгуинс после 16 февруари 2019, имаа четирите различни голгетери.
Во првата третина, Џони Гудро, со првиот овосезонски погодок, го отвори резултатот, а во третиот период, во листата на стрелците се запишаа уште Блејк Колман, Дилон Дјуб и Милан Лучиќ.
Во Западната конференција, Калгари го држи првото место, додека Питсбург е единаесетти на Истокот.