
Вест Коуст Иглс го направија изненадувањето на колото, откако ја запишаа втората овосезонска победа.
Имено, во петнаесеттата рунда, клубот од Перт ги порази Есендон Бомберс со (16.11) 107-97 (14.13), прекинувајќи ја низата од девет порази.
Бомберс солидно го започнаа мечот, но ,,Орлите”, со серијата од 36-17 во втората четвртина и со изедначеното второ полувреме, ја презедоа контролата во свои раце.
За гостите, хет-трик постигна Џејк Стрингер (3.0), а 28 поени додаде Питер Рајт (4.4).
За Иглс, херој на теренот беше Џош Кенеди (5.0) со пет голови, а после него следуваа Џејми Крипс (3.2) и Вили Риоли (3.1).
На табелата, Вест Коуст ги остави Норт Мелбурн Кенгарус на дното и изби на претпоследната позиција, додека Есендон е едно место погоре.