Новиот англиски второлигаш, Ротерам Јунајтед, остана без своите најдобри стрелци од минатата сезона – Мајкл Смит и Фреди Ладапо.
Смит постигна 19 голови и 6 асистенции во минатогодишната кампања и замина во Шефилд Венздеј, додека Ладапо (11 голови и 2 асистенции) се пресели во Ипсвич.
Сепак, популарните ,,Милерс” брзо пронајдоа замени на офанзивните позиции.
Најпрво, на 27 мај беше доведен репрезентативецот на Северна Ирска, Конор Вашингтон, од редовите на Чарлтон Атлетик, кој потпиша договор на две години.
Вчера, од второлигашот Лутон, беше откупен и крилниот бек, Петер Киосо, откако минатата сезона ја помина на позајмица во МК Донс.
Најголемиот трансфер, Ротерам го направи денес, доведувајќи го искусниот напаѓач на Хал Сити, Том Ивс, како бесплатно засилување.
Ивс, во 2013, како позајмен играч од Болтон, одигра осум натпревари за Ротерам, а после бројните позајмици, во 2016 се пресели во Јеовил Таун.
После една сезона во дресот на ,,Гловерс”, триесетгодишниот напаѓач премина во Џилингем, каде што, на 84 мечеви имаше 38 погодоци.