
Вестс Тигерс приредија огромна сензација, откако во велигденскиот класик од шестото коло, пред 28 336 гледачи, ги совладаа Парамата Илс со 20-21.
За ,,Тигрите”, ова беше прва победа во сезоната, а воедно и прва над денешниот ривал после седумте последователни порази.
Триумфот на гостите им го донесе Џексон Хастингс, кој погоди филд-гол на десет секунди пред крајот и на најдобар можен начин го круниса јубилејниот педесетти настап во НРЛ.
Претходно, истиот играч погоди една конверзија заедно со Лук Брукс, а есеи постигнаа Лусијано Леилуа (10′), Давид Нофоалума (22′, 25′) и Кен Маумало (48′).
На спротивната страна, за шутевите беше задолжен Митчел Мосес (2/4), а топката во противничката енд-зона ја внесоа Клинтон Гатерсон (13′), Ајзеа Папали’и (34′), Рид Махоуни (51′) и Марата Ниукоре (68′).
На табелата, Парамата падна на четвртото место, додека Тигерс го напуштија дното, односно ги оставија зад себе само Кантербери Булдогс.