
Петтото коло од тековната АФЛ сезона, со победа го комплетираа Хоторн Хокс, поразувајќи ги Џилонг Кетс со (14.8) 92-80 (11.14).
Кетс влегоа во мечот со фаворитската улога, но после првата четвртина губеа со 33-10.
На стартот на второто полувреме, ,,Мачките” го презедоа водството на својата страна, но со потпросечното издание во четвртиот квартал со само четири постигнати поени го ,,запечатија” вториот овосезонски пораз.
Од поразениот состав, хет-трик постигнаа три играчи, односно Том Хокинс (3.2), Тајсон Стенгл (3.1) и Џереми Камерон (3.1).
На спротивната страна, по три голови имаа Митч Луис (3.0) и Џек Ганстон (3.1), а најефикасен беше Дилан Мур (4.1).
На табелата, двете екипи ги држат седмото и осмото место и се единствени со учинок од три победи и од два порази после првите пет рунди.