Покрај Филип Миркуловски, во ракометна пензија од репрезентацијата заминува и големиот борец пикерот Стојанче Стоилов.
„Би сакал да најавам дека се простувам од дресот на репрезентацијата. Благодарам Македонијо за се, ми беше чест што играв за македонската држава, што делев терен и соблекувална со големи ракометари и луѓе, треба да ги набројувам многу, сите ги респектирам, но еден е капитенот, Кире Лазаров. Моето тело едноставно не може да издржи такви напори. Немаше да се повлечам ако не мислев дека има одлични ракометари на мојата позиција, Жарко Пешевски, Никола Марковски. Ми треба одмор, од 2008 година не сум почувствувам навистина да се одморам“, изјави Стојанче Стоилов.