
На Светското првенство во рагби лиг во 2013, Куковите Острови направија сензација, совладувајќи го Велс со 28-24.
Синоќа, во рамките на првото коло од групата Д на овогодинешното СП, државата со помалку од дваесет илјади жители повторно славеше над Велс со 12-18.
После првото полувреме, претставниците на Европа водеа со 12-8, но во вториот дел, номиналните гости направија серија од 10-0.
За поразениот состав, Мети Фозард погоди две конверзии, а по едно положување имаа Родри Лојд (12′) и Оли Олдс (26′).
На спротивната страна, Стивен Марстерс (63′) имаше три прецизни шутеви и еден есеј, а топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Ентони Гелинг (21′) и Дави Моале (58′).
Освен Куковите Острови, победа во првото коло од истата група запиша и Тонга, која ја порази Папуа Нова Гвинеја со 24-18.




