
Правдата на дербито на првото коло од женската Лига на шампиони помеѓу Лион и Арсенал беше доделувана од комплет македонски судијки.
Имено, главен арбитар на натпреварот беше Ивана Пројковска, а нејзини помошнички беа Елена Соклевска-Илиевски, Вјолца Изеири и Ирена Велевачкоска.
На мечот, Пројковска досуди вкупно деветнаесет фаули и додели по еден жолт картон и на двете страни.
Иако важеше за дерби, оваа средба заврши со убедлива победа на Арсенал од 1-5.
Единствениот погодок на Лион беше дело на Мелвин Малар (27′), а за англиската екипа стрелаа Кејтлин Фоорд (13′, 67′), Фрида Леонхардсен-Маанум (23′) и Бетани Мид (45+1′, 69′).




