Иако водеше со вкупни 3-1, екипата на Торонто Мејпл Лифс успеа да ја прокоцка предноста и да загуби со 4-3 од Монтреал Канадиенс.
На овој начин, Мејпл Лифс сè уште чекаат на првата освоена плејоф-серија уште од сезоната 2003/04.
Имено, Канадиенс изборија четврт-финале против Винипег Џетс, откако синоќа славеа над Торонто со 1-3 во ,,мајсторката”.
Гостинскиот состав со аутсајдерска улога стекна предност од 0-3 со головите на Брендан Галагер и на Кори Пери во втората, односно на Тајлер Тофоли во третата третина.
На нивниот гол стоеше искусниот Кори Прајс, кој одбрани 30/31 противнички шутеви (96,77%).
Единствен што успеа да го совлада беше Вилијам Ниландер на минута и пол пред крајот на натпреварот.