
Во последниот меч од седмото коло, Сиетл Сихокс загубија од Њу Орлеанс Сеинтс со 10-13 и направија голем чекор наназад кон пласман во плејофот.
Имено, Сихокс имаат учинок од 2-5 што претставува нивен најлош старт уште од 2011, кога ја завршија сезоната со 7-9.
На мечот, домаќините поведоа уште во првата четвртина со тачдаунот од 84 јарди на Ди Кеј Меткалф.
Во вториот дел, Сеинтс направија пресврт од 7-10 со шутевите на Брајан Џонсон, односно со тачдаунот на Алвин Камара.
Второто полувреме беше несреќно за Сиетл поради фактот дека нивниот шутер, Мајерс, погоди еден од трите шутирани филд-голови.
За несреќата на трибините на ,,Лумен Филд” да биде уште поголема се погрижи гореспоменатиот Џонсон, кој му донесе второ и победоносно водство на Сиетл на две минути пред крајот.
Кај Сеинтс, освен квотербекот Џејмис Винстон (19/35 прецизни обиди за 222 јарди и за еден тачдаун), неверојатна партија со вкупно 179 освоени јарди одигра и Камара.
На спротивната страна, во отсуство на повредениот Расел Вилсон, резервистот Џено Смит уфрли 167 јарди од само 12/22 прецизни додавања.
Во соработка со НФЛ Македонија



