
Единствените белоруски претставници во КХЛ, Динамо Минск, се враќаат во Европа со победа од најдолгото гостување во сезоната.
Имено, хокеарите на Динамо славеа со резултат од 2-3 над Адмирал од Владивосток, оддалечен цели 9759 километри.
После седум минути игра, Владимир Алистров им донесе предност на гостите, но до крајот на првата третина, Адмирал направи пресврт преку Артјом Манукјан и преку Динар Хамидулин.
Во втората третина, хокеарите на Динамо очекувано настојуваа да го анулираат заостатокот што им појде од рака благодарение на Владислав Јерјоменко.
Во третиот период, двете екипи упатија само по седум удари кон противничката мрежа, а единствен што погоди беше гореспоменатиот Алистров, кој со вториот гол на мечот го постави конечниот резултат.
Со новата победа, Динамо скокна на третото место во Западната конференција, додека Адмирал ја зазема единаесеттата позиција на Истокот.