
Со синоќешната победа од 5-1, Кливленд Гардијанс дојдоа до серија од седум врзани триумфи над Минесота Твинс.
После шест ининзи, домаќините имаа предност од 5-0, а гостите го намалија својот заостаток во осмиот период.
Единствен од редовите на Твинс, кој се запиша во листата на поентерите беше Мет Волнер со првиот хоум-ран во сезоната.
Од друга страна, за Гардијанс поентираа Хозе Рамирез (хоум-ран), Мајлс Строу (х2), Оскар Гонзалез и Андрес Хименез.
Во Американската лига, Кливленд (78-66) го зазема шестото, а Минесота (72-72) – деветтото место.