Салернитана се приклучи кон врвот на Серија Б, откако денес, во 27. коло, го порази Кремонезе со минимални 0-1.
Имено, Салернитана стекна предност со првиот гол на Милан Ѓуриќ во 2021 година, постигнат после 14 минути игра.
До крајот, домаќините од Кремона настојуваа да израмнат, но не успеаја да го совладаат голманот Вид Белец.
Накрај, Салернитана стигна до деветтата средба без пораз во низа, односно само до третата победа во истиот интервал, доволна за третото место на табелата.
Од друга страна, Кремонезе и понатаму останува на сигурните позиции, но само со еден бод предност во однос на местата што водат во плеј-аут.
📸 Francesco Pecoraro/Getty Images for Lega Serie B