
Иако ја започнаа авантурата во НРЛ со три победи, екипата на Долфинс запиша три порази на последните четири средби.
Во седмото коло, ,,Делфините” беа надиграни на домашен терен од Саут Сиднеј Рабитохс со 14-36.
После првиот дел, домаќините водеа со 14-6, но ,,Зајаците” направија серија од 30-0 во второто полувреме.
За клубот од Сиднеј, Латрел Митчел погоди шест шутеви, а освен него (64′), топката во противничката енд-зона ја внесоа Кемпбел Греам (22′, 44′), Коди Вокер (48′), Ајзеа Тас (61′) и Алекс Џонстон (67′).
На спротивната страна, Џамејн Исаако беше прецизен од три обиди, а по еден есеј постигнаа Уан Ејткен (1′) и Џереми Маршал-Кинг (33′).
На табелата, Саут Сиднеј скокна на третата позиција, потиснувајќи ги Долфинс на седмото место.