
Од Западната конференција на НХЛ, единствената екипа што синоќа ја заврши својата сезона беше Калгари Флејмс.
Имено, Флејмс ги совладаа Сан Хозе Шаркс со 3-1, но и покрај триумфот, завршија на деветтото место без пласман во плејофот.
Од друга страна, ,,Ајкулите” имаат уште еден натпревар за играње, кој нема да ги оттргне од четиринаесеттата позиција.
На натпреварот, гостите од Калифорнија поведоа преку Ноа Грегор, а зад домаќините, пресврт направи Никита Задоров со постигнат хет-трик.