
Во премиерниот натпревар од петтото коло на АФЛ, Карлтон Блус го запишаа првиот овосезонски пораз.
Имено, првиот тим што успеа да ги надигра ,,Сините” беше Аделаид Краус, кој триумфираше на домашен терен со (18.10) 118-62 (9.8).
,,Враните” ја завршија речиси целата работа уште во првата четвртина, после која водеа со маестрални 51-13.
Од редовите на Блус, по два гола постигнаа Кори Дардин (2.0), Хари МекКај (2.1) и Чарли Карноу (2.1).
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Бен Кис (3.0), Тејлор Вокер (3.3) и Дарси Фогарти (5.3).
На табелата, Карлтон остана на второто место, додека Аделаид скокна на шестата позиција.