
По четирите последователни порази и трите загубени меѓусебни партии во низа, Сан Хозе Шаркс ги декласираа Анахајм Дакс со 1-6.
После дваесет и осум минути игра, ,,Ајкулите” веќе водеа со 0-4, пред Тревор Зеграс да даде почесен погодок за домаќините.
Сепак, до крајот, гостите постигнаа уште два гола, а во листата на стрелците се запишаа: Тимо Мајер, Скот Харингтон, Ерик Карлсон, Нико Штурм, Ник Бонино и Стив Лоренц.
Во Западната конференција, Сан Хозе го држи тринаесеттото место, додека Анахајм се наоѓа на последната позиција.