Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки започна со индивидуалните трки во Вистлер, Канада.
Во машка конкуренција, најбрз на патеката беше Германецот Феликс Лох (1:39,619), кој дојде до јубилејната педесетта победа во кариерата.
По третпат сезонава, на второто место заврши лидерот во генералниот пласман, Волфганг Киндл (+0,034), а третопласиран беше Италијанецот Доминик Фишналер (+0,070).
Кај дамите, стопроцентниот учинок, а воедно и жолтата маичка ја задржа Маделен Егле (1:17,137), победувајќи на сите три трки во 2022/23.
Германката Јулија Таубитц (+0,024) заврши како втора, а до првиот пиедестал во кариерата дојде Мерле Фребел (+0,045).