
Пред четири дена, Јукурит го порази ИФК Хелсинки во метрополата со резултат од 1-3.
Во рамките на денешната програма од финската Лиига, избраниците на Оли Јокинен повторно го надиграа истиот ривал, но овој пат на домашен терен со 2-1.
Во втората третина, Патрик Пуистола им донесе водство на домаќините, но за гостите набргу израмни Рони Хирвонен.
Во третиот период, односно на неполни осум минути пред крајот, Ото Макинен искористи пауер-плеј ситуација за славје на публиката во ,,Икиома Арена”.
На табелата, Јукурит го држи осмото место, додека ИФК се наоѓа на дванаесеттата позиција.