
Вегас Голден Најтс дојдоа до вториот меѓусебен триумф во низа над Сан Хозе Шаркс, откако синоќа славеа со 3-1.
Голден Најтс поведоа во третата минута со голот на Киган Колесар, а на стартот на втората третина, Ноа Грегор израмни на 1-1 со третиот овосезонски погодок.
До крајот, победата на претставниците на Невада им ја донесе Рајли Смит, кој се запиша двапати во листата на стрелците по двојните асистенции на Џонатан Маршесолт и на Вилијам Карлсон.
Во Западната конференција, Вегас изби на седмата позиција, додека Сан Хозе остана на тринаесеттото место.