По вторпат во три дена, Сан Хозе Шаркс ги поразија ЛА Кингс во дербито на Калифорнија, но овој пат со резултат од 4-2.
Имено, на секои два гола на Шаркс, Кингс постигнуваа по еден за намалување на својот заостаток.
Хокеарите на Сан Хозе постигнаа по два погодоци во втората и во третата третина, додека во истите периоди, претставниците на Лос Анџелес по еднаш ја затресоа мрежата на Мартин Џонс.
Од победничкиот состав, во листата на стрелците двапати се запиша Евандер Кејн, а по еднаш стрелаа Рудолфс Балкерс и Томаш Хертл.
Од друга страна, стрелци за ,,Кралевите” беа Алекс Ијафало и Адријан Кемпе.
На табелата на Западната дивизија, двете екипи ги заземаат шестото и седмото место, со тоа што ЛА Кингс имаат два поени повеќе во однос на денешниот ривал.
📸 Brandon Magnus/NHLI via Getty Images



