Во текот на историјата, сè до 24 март 2021, двете екипи од Мелбурн, Карлтон Блус и Колингвуд Мегпајс, одиграа 258 меѓусебни натпревари.
На нив, четири пати резултатот бил нерешен, а по 127 победи имаат и двата клуба.
Денес, во рамките на второто коло од АФЛ, беше одигран нивниот 259. дуел, кој резултираше со 128. победа на Колингвуд и прво меѓусебно водство после 1991.
Имено, ,,Страчките” денес триумфираа со , откако имаа резултатска позитива во текот на цел меч.
Во неколку наврати, особено во третата четвртина, Карлтон успеваше да се приближи, но не успеа да поведе ниту еднаш.
Освен возбудата, овој меч изобилуваше со прекрасни потези, а исто така и со два голови што можат да конкурираат за ,,гол на сезоната”.
Како најефикасен играч на овој дуел се покажа Џордан Де Гој со вкупно 27 поени (4.3).
Од неговиот тим, исто така се истакнаа Брејди Мајочек (3.0) и Мејсон Кокс (2.3).
Од друга страна, кај Карлтон најдобар беше Хари МекКеј Со 24 поени (4.0), а солидни беа Мајкл Гибонс (3.1) и Џек Мартин (3.0).
За Блус, ова беше втор пораз во првите две кола, додека Колингвуд ја запиша првата победа во новата сезона.
📸 Robert Cianflone/Getty Images