
После поразот во дербито од 1-3 против Фенербахче, одбојкарките на Вакифбанк покажаа силен карактер против Карајолари.
Имено, во четвртото коло од турската женска одбојкарска Султанлар лига, актуелните шампионки во потполност ги надиграа противничките од Анкара со 3-0.
Одбојкарките на стратегот Џовани Гвидети, ги добија првите два сета со 16-25 и со 21-25, а во третиот потполно издоминираа со неверојатни 6-25.
Од победничкиот состав, двоцифрен број на поени постигнаа Чијака Огбону (17) и Мерјем Боз (14).
На спротивната страна, најефикасна со девет поени беше Јасемин Озел, а по неа, со шест, следуваа Ајџин Акјол и Мерве Незир.
Во моментот, Вакифбанк го зазема петтото место, додека Карајолари се наоѓа на единаесеттата позиција.