Кадетската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите од групната фаза на Светското првенство кое ќе се игра во Хрватска. Македонија ќе игра во група со Норвешка и Црна Гора и победникoт за ИХФ трофејот во Костарика. Третиот противник во групата ќе биде победникoт за ИХФ трофејот во Костарика каде што ќе играат Грузија, Гвадалупе, Никарагва, Нигерија и Тахити.
Светското првенство ќе се одржи во Хрватска од 2 до 13 август, а првите две селекции од групата обезбедуваат пласман во следната рунда.