
Екипата на Салават Јулаев Уфа испушти шанса да се врати на врвот на Источната конференција, откако денес загуби од Барис Нур-Султан со 0-2.
Имено, ,,Зелените” останаа на второто место на табелата, додека гостите влегоа во плејоф-зоната на осмото место.
На мечот, домаќините имаа дваесет и седум шутеви, но сите од нив беа запрени од голманот Јулиус Худачек, кој го запиша првиот овосезонски шут-аут.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците влегоа Јегор Петухов во финишот на втората и Аркади Шестаков во финишот на третата третина.