
Во осумнаесеттото коло од англиската Лиг 2, Стивениџ ја оправда фаворитската улога против Хартлпул.
Имено, домаќините дојдоа до минимален триумф од 1-0 и останаа на второто место на табелата.
Од друга страна, популарните ,,Манки хенгерс” загубија по петти пат на последните шест лигашки средби и паднаа на претпоследната позиција.
На натпреварот, единствениот гол падна на единаесет минути пред крајот, кога Дени Роуз (79′) скришно се сокри зад стативата и му ја ,,украде” топката на голманот Бен Килип.