
Репрезентацијата на Англија се искачи на светскиот кров во Т20 крикет, освојувајќи ја втората титула на СП.
Во овогодинешното финале, претставниците на Европа го поразија Пакистан со 137/8 (20) – 138/5 (19) за првата титула после 2010.
Во првиот ининг, Сем Куран (3-10) направи хет-трик за победничкиот состав, а кај Азијците, најефикасни беа Бабар Азам (32) и Шан Масуд (38).
Што се однесува до вториот дел, Бен Стоукс (52*) ги предводеше Англичаните, а два викети за Пакистан освои Харис Рауф (2-23).