
Салават Јулаев Уфа ја прекина серијата од четири порази со денешната победа од 0-2 над Адмирал Владивосток.
Во ноември, Адмирал запиша две победи и единаесет порази, додека Салават беше за нијанса подобар со четири триумфи на десет средби.
Домаќините од далечниот исток упатија неверојатни осумнаесет шутеви во втората третина и вкупно дваесет и осум на цел меч, но ниеднаш пакот не заврши позади грбот на Јуха Метсола.
Финскиот голман беше стопроцентен во својата задача и го запиша четвртиот шут-аут во сезоната.
Од неговите соиграчи, прецизно стрелаа Данил Башкиров во втората и Николај Кулемин во третата третина, односно на празна мрежа на десет секунди пред крајот на натпреварот.
И покрај новите два бода, Салават остана на петтото место во Источната конференција, оставајќи го Адмирал на самото дно.



