Еурофарм Пелистер се враќаат со реми од Португалија, иако 59 минути беше подобриот тим и го диктираше резултатот. Тимот на Спортинг успеа на крај да ја казни конфузијата во играта на Битолчани па средбата заврши со 27:27.
Табоада со 7 погодоци беше најефикасен во тимот од Битола, пред Мандалиниќ со 5 и Божиќ-Павлетиќ со 4 гола од 4 обиди.