
Вашингтон ФК ја запиша првата домашна победа против Сиетл Сихокс после 2005, откако во последниот меч од дванаесеттото коло славеше со 17-15.
Статистички гледано, а воедно и следејќи го впечатокот од теренот, поранешните Редскинс ги надиграа своите ривали.
За Вашингтон, Џеј Ди МекКисик постигна два тачдауни со трчање, еден филд-гол запиша Џои Слај, а Антонио Гибсон постигна конверзија за два поени.
При првиот тачдаун на МекКисик, шутот за екстра-поен на Слај беше изблокиран и вратен во енд-зоната од Рашим Грин, кој на овој начин донесе два поени за Сихокс.
Освен него, еден екстра-поен погоди шутерот Џејсон Мајерс, а по едно положување имаа Џералд Еверет и Фреди Свејн.
Квотербекот на Сихокс, Расел Вилсон, уфрли 247 јарди од 20/31 прецизни додавања, но за првпат во својата кариера поврза четири порази.
На спротивната страна, Тејлор Хајники го предводеше домаќинот до победа со уфрлени 223 јарди од 27/35 обиди за додавање.
Во Националната конференција, Сиетл (3-8) го зазема претпоследното место, додека Вашингтон (5-6) скокна на деветтата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија