
По шести пат на последните седум меѓусебни дуели, СаиПа запиша победа над Хамеенлина.
Во рамките на денешната програма од финската Лиига, ,,Црно-жолтите” триумфираа на гостински терен со 1-2 после пенали.
Во играчкиот дел, Јоел Јанатуинен погоди за водство на Хамеенлина, а Кристијан Посписил го израмни резултатот.
Словакот беше прецизен и во пенал-серијата, а триумфот на СаиПа го завери Валтери Ојантаканен.
На табелата, СаиПа остана на последното место, а Хамеенлина ја зазема деветтата позиција.