
По петти пат во низа на меѓусебните дуели, Грац запиша победа над составот на Фехервар.
Во рамките на седумнаесеттото коло од хокеарската ИЦЕ Лига, Австријците ги поразија Унгарците со минимални 1-0 после пенали.
Единствениот гол на мечот падна во пенал-серијата, кога Мајкл Боивин ја затресе мрежата на Оливие Рој.
На табелата, двете екипи се израмнија со по 22 поени, заземајќи ги шестата и седмата позиција.