
Првите квалификации од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови се одржаа во Висла, Полска.
Истите завршија со славје на домашната публика, откако до првото место стигна Давид Кубацки.
Полјакот скокна цели 133 метри и освои 140,5 поени, оставајќи ги зад себе на подиумот Халвор Егнер Гранеруд и Пјотр Жила.
Најпријатно изненадување беше Германецот Филип Раимунд на четвртата позиција, а во топ 10 се пласираа уште: Михаел Хајбок, Даниел Чофених, Мануел Фетнер, Јохан Андре Форфанг, Камил Штох и Филип Ашенвалд.
Актуелниот шампион, Рјоју Кобајаши, го освои седумнаесеттото место, а најдобар Словенец беше тринаесеттиот Анже Ланишек.