Јокерит и СКА го одиграа мечот што требаше да биде дерби на денот во КХЛ.
Сепак, СКА запиша лесна и убедлива гостинска победа, со резултат од 1-4.
После две и пол минути игра, Владимир Ткачјов им донесе водство на Русите, кое траеше неполни три минути, бидејќи за Јокерит израмни дебитантот Мика Партанен, со својот прв гол во КХЛ.
Во десеттата минута, дефанзивците на домашниот состав направија огромна грешка, којашто Евгени Кетов ја претвори во 1-2 во корист на СКА.
Во наредните два периоди, СКА по еднаш ја затресе мрежата на Андерс Линдбак, благодарение на Миро Аалтонен и на Евгениј Тимкин.
Двете екипи се наоѓаат во променлива форма, но сепак заземаат место во плејоф-зоната на Западот. СКА е втора екипа, веднаш зад ривалот ЦСКА, а Јокерит е осми.