Во рамките на 9 коло од бугарскиот шампионат Пирин Благоевград го пречека тимот на Локомотив од Стара Загора за кој што за прв пат настапи во првиот тим нашата интернационалка Ели Јаковска. Македонската интернационалка поради проблем со документите дури во 9 коло дебитираше за својот нов тим.
Јаковска ги играше сите 90 минути и беше една од најдобрите на терен, воедно Локомотив стигна до минимален гостински триумф од 0:1 токму со реализацијата од пенал над кој беше направен токму над Ели Јаковска. Ова беше тврд натпревар, а Локомотив сега се наоѓа на четврто место со можност во идните кола да напредува на табелата.