На четири кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НРЛ, Сиднеј Рустерс дојдоа на два бода од четвртопласираните Мелбурн Сторм и ги задржаа своите шанси за плејоф.
Имено, во дваесет и првата рунда, ,,Петлите” ги поразија Бризбејн Бронкос со 34-16 и со четвртиот врзан триумф избија на седмото место.
Од друга страна, ,,Ждребињата” и покрај поразот останаа на петтата позиција, а во случај на победа ќе беа трети.
Рустерс го започнаа мечот со серијата од 18-0, која им овозможи да играат сигурно и удобно до самиот крај.
Кај гостите, Кори Оутс (20′, 59′) и Курт Кејпвел (72′) ја внесоа топката во противничката енд-зона, а 2/3 конверзии погоди Адам Рејнолдс.
На спротивната страна, 5/6 шутеви реализира Сем Вокер, а есеи постигнаа Пол Момировски (4′), Нет Батчер (7′, 43′), Ангус Крајхтон (15′), Лук Кери (67′) и Џозеф Суаалии (76′).