Највисоката станица од Светскиот куп во биатлон, италијанскиот Антхолц, е домаќин на натпреварувањата од тековниот викенд.
Имено, во северозападна Италија, жените денес имаа штафета, додека мажите скијаа по масовен старт.
Во женска конкуренција, Русија (1:07:32,4), составена од Евгенија Павлова, од Татјана Акимова, од Светлана Миронова и од Улијана Каишева, успеа да триумфира, оставајќи ги зад себе Германија (+11,0) и Франција (+21,2).
За второпласираната селекција скијаа Ванеса Хинц, Јанина Хетих, Денизе Херман и Франциска Пројс, додека Франција ја претставуваа Ане Бекон, Ане Шевалие-Буше, Жистин Бреза-Буше и Жулија Симон.
Кај мажите, Јоханес Тингнес Бо (35:44,3) беше најбрз од сите конкуренти, а на подиумот се пласираа Квентин Фијо Маје (+31,3) и Јаков Фак (+44,2).
За натурализираниот Словенец, ова беше 21. индивидуален подиум и прв во тековната сезона.
Во продолжение, заостаток под една минута имаа Ветле Сјастад Кристијансен (+49,1), Арнд Пајфер (+49,1), Ерленд Бјонтегаард (+50,6), Бенедикт Дол (+55,1) и Симон Едер (+57,8).
📸 Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images