По вторпат сезонава, Финска одржа натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција, но овој пат, наместо во Рука, натпреварувачите се бореа во Лахти.
Во првата серија, очекувано Јапонците зазедоа три од првите четири позиции. Рјота Јамамото беше водечки пред Акито Ватабе (+0:01), пред Јарл Магнус Риибер (+0:28) и пред Јошито Ватабе (+0:37).
Во втората серија, Риибер успеа да ги достигне Јапонците, но Акито Ватабе беше неприкосновен во втората половина на трката.
Ватабе ја запиша 19. победа во кариерата и го подели десеттото место по бројот на триумфи во Светскиот куп со неговиот сонародник Кенџи Огивара. За него, ова е само втора победа во последните три сезони и тоа остварена на истата локација.
Накрај, Риибер го зазеде второто место (+10,8), а Јамамото (+25,1) го освои првиот индивидуалем подиум во кариерата.
Во топ 10 завршија уште: Јоханес Ридзек (+28,9), Фабијан Рисле (+44,4), Винценц Гајгер (+55,6), Јерген Граабак (+55,9), Јенс Лураас Офтебро (+56,7), Илка Херола (+57,0) и Теренс Вебер (+57,0).
📸 Fischer Sports



