Последните потери од тековната сезона на Светскиот куп во биатлон беа одржани денес во Остерсунд, Шведска.
Кај дамите, серијата од пет победи на Тирил Екоф ја прекина Марте Олсбу Роиселанд (32:54,8), која денес славеше по третпат сезонава во трка со голем број на промашувања.
Екоф (+29,3) се пласираше на второто место и го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина, откако минатата недела и официјално стана нова шампионка на Светскиот куп.
На третото место, по вчерашната тринаесетта позиција, се најде белоруската претставничка, Хана Сола (+44,0), која го освои првиот овосезонски подиум.
Во машка категорија, до ,,украдена” победа дојде Стурла Холм Лагреид (32:40,5), кој исто така го освои и малиот кристален глобус во потера.
На втората позиција се пласираше неговиот сонародник, Јоханес Тингнес Бо (+22,6), а вчерашниот победник, Лукас Хофер (+32,4), го комплетираше подиумот.
📸 Kevin Voigt/DeFodi Images via Getty Images



