
На денешниот меч против Барис Нур-Султан, хокеарите на Трактор Чељабинск славеа со 4-2 што претставува нивен прв меѓусебен триумф на домашен терен после 9 декември 2017.
Во чест на 74. роденден на клубот од Чељабинск, играчите излегоа на ледената плоча со специјално изработени дресови.
Во првата третина, Никита Тертишни и Лукаш Седлак стрелаа за водство од 2-0 на домаќините, а Чехот, со вториот гол на мечот, зголеми на 3-0 во вториот период.
Во продолжение, Казахстанците намалија на 3-2 преку Јакоб Берглунд и преку Антон Сагадејев, а конечниот резултат го постави Теему Пулкинен на празна мрежа.
Во Источната конференција, Трактор го зазема второто место, додека Барис се наоѓа на осмата позиција.



