Стружанка славеше против досега непоразениот Вардар со 25:24, иако на полувреме водеа гостите со 10:12. Јунак беше капитенот Митоска која одбрани пенал во последната секунда и победата остана за домаќинот.
Најефикасни во Стружанка беа Магдалена Делиоска со 9 гола и Ивана Затуроска со 7. На голот феноменална беше Марина Митоска. Во составот на Вардар, Сара Миновска со 5 гола беше најефикасна.