
Четири од вкупно петте денешни дуели во КХЛ завршија со нерешен резултат после регуларните шеесет минути игра, односно мораа да бидат решени после продолжение или после пенали.
Еден од тие мечеви беше и дуелот на двете екипи што го прославија својот 75. роденден – СКА Ст. Петербург и ЦСКА Москва.
Во втората третина, СКА се здоби со предност од 2-0, откако мрежата на Иван Федотов ја затресоа Александер Волков и Данила Мојсејев.
Сепак, гостите од Москва дојдоа до израмнување во третиот период, со головите на Константин Окулов и на Павел Карнаухов.
Во продолжението, на Никита Гусев му беа потребни само осумдесет и шест секунди за да ги задржи двата поени во Ст. Петербург, носејќи им победа на домаќините од 3-2.
Со седмиот триумф на последните осум средби, СКА изби на првото место на Западот, додека ЦСКА падна на третата позиција.