Хановер на Филип Кузмановски загуби на домашен терен од Гепинген со 32-34. Кузмановски на овој натпревар одигра одлично и постигна 5 гола.
Штутгарт на Жарко Пешевски загуби на гостувањето кај големиот Кил со 35-31, иако водеа на полувреме. Нашиот репрезентативец постигна 2 гола на овој меч.