
Во заостанатиот меч од дваесет и второто коло на англиската Лиг 2, Рочдејл го порази Бредфорд со 1-2.
За Рочдејл, ова беше прва лигашка победа над Бредфорд после 2018, кога триумфираше со 0-2, благодарение на головите на Иан Хендерсон.
Токму истиот играч, кој во меѓувреме стана најдобриот стрелец во клупската историја, вчера заби два погодоци во второто полувреме за важни три бода на својот тим.
Хендерсон (63′, 70′) двапати ја затресе мрежата на Хари Луис во интервал од седум минути за комплетирање на победничкиот пресврт на гостите, на кој му претходеше промашениот пенал на Деванте Родни.
Од друга страна, на паузата, Бредфорд имаше минимална предност, добиена со вториот гол на последните две средби на Абобакер Еиса (29′).
На табелата, Бредфорд остана на петтото место, додека Рочдејл ја напушти опасната зона и скокна на дваесет и втората позиција.