
Последното натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во 2022 беше одржано денес во Рамзау, Австрија.
На него, до победата стигна Винценц Гајгер (25:06,0), кој го оправда епитетот за најдобар тркач и носител на црвената маичка.
Вчерашниот победник и водечкиот во генералниот поредок, Јарл Магнус Риибер (+6,1) заврши на третото место, иако имаше предност од 69 секунди во однос на Гајгер.
На половина од трката, Норвежанецот беше убедливо прв со педесет секунди водство во однос на пратечката група, но во третиот круг веќе беше престигнат.
По вчерашното четврто место, денес, на втората позиција за радост на домашните навивачи се искачи актуелниот вицешампион, Јоханес Лампартер (+5,0), а од целата група, без подиум останаа: Јорген Граабак (+9,6), Јенс Лураас Офтебро (+12,4), Штефан Ретенегер (+15,4) и Рјота Јамамото (+33,8).