
Репрезентацијата на Хрватска го заврши својот престој во Катар со бронзен медал.
Избраниците на Златко Далиќ, во битката за третото место, го поразија ривалот од групата, Мароко, со 2-1.
Хрватска дојде до рано водство преку Јошко Гвардиол (7′), но Африканците израмнија експресно, благодарение на Ахраф Дари (9′).
До крајот на полувремето, Балканците ја вратија предноста на своја страна со евроголот на Мислав Оршиќ (42′), кој воедно го постави конечниот резултат.