
Јарл Магнус Риибер ја претвори несреќната сезона во релативно успешна, откако освои 4/4 златни медали на СП 2023.
Норвежанецот ја продолжи победничката низа и во Светскиот куп, каде што беше најдобар на домашен терен во Осло.
Риибер (23:40,4) беше убедлив и после двете серии за петтиот овосезонски триумф, кој му го обезбеди четвртото место во генералниот поредок.
На трката, втората и третата позиција ги освоија Јулијан Шмид (+1:56,5) и Јоханес Лампартер (+1:57,9), а во топ 5 завршија уште Штефан Ретенегер (+2:10,4) и Јенс Лураас Офтебро (+2:20,6).
Во генералниот пласман, битката за кристалниот глобус на три трки пред крајот станува сè понеизвесна, а во игра за првата титула се Лампартер (1285 поени), Офтебро (1149 поени) и Шмид (1119 поени).