
Сезоната 2022/23 од Светскиот куп во женска нордиска комбинација помина целосно во знакот на Гида Вестволд Хансен.
Имено, Норвежанката победи на сите десет натпреварувања и доминантно го одбрани големиот кристален глобус од минатата година.
Старо-новата шампионка (13:42,3) триумфираше и на последната трка на домашен терен во Осло, одбранувајќи ја предноста од првата серија, која се одржа пред два дена.
На трката, втората позиција ја освои нејзината сонародничка, Ида Марие Хаген (+46,8), а третото место го зазеде Анју Накамура (+54,4) пред Харука Касаи (+59,2) и пред Марте Леинан Лунд (+1:16,5).