
Последниот велеслалом од Светскиот куп пред завршницата во Солдеу (Андора) беше добиен од старо-новиот шампион – Марко Одермат.
Одермат беше најбрз во Крањска Гора (Словенија) и дојде до јубилејната десетта победа во сезоната, одбранувајќи ја предноста после првата серија.
На второто место, за првиот подиум во велеслалом во 2022/23, заврши Алексис Пантуро (+0,23), а второпласираниот во битката за малиот кристален глобус во оваа дисциплина, Хенрик Кристоферсен (+0,37), беше трет.
Четвртото место му припадна на Австриецот Штефан Бренштајнер (+0,72), а најдобар домашен претставник беше Жан Крањец (+1,04) на петтата позиција.