
На првото натпреварување во Осло од Светскиот куп во нордиска комбинација, победата ја однесе Јарл Магнус Риибер (23:00,2).
Норвежанецот ја израдува домашната публика уште во првата серија, после која имаше речиси едноминутна предност во однос на најблиските ривали.
На второто место заврши Јоханес Лампартер (+53,9), кој изгуби дваесет бодови во однос на Риибер, но остана на лидерската позиција во генералниот поредок.
Денешниот подиум го комплетираше уште еден Норвежанец, Јенс Лураас Офтебро (+1:05,4) со напредокот од осум места во тркачкиот дел.
Во првите петмина се пласираа уште Јорген Граабак (+1:14,8) и Филип Ортер (+1:19,3), после кои следуваше групата од четири скијачи – Марио Зајдл (+1:25,2), Франц-Јозеф Рерл (+1:26,7), Јоханес Ридзек (+1:28,0) и Кристјан Илвес (+1:28,0).